Бектеши: Упешно е спроведен тендерот за фотонапонски централи на приватно земјиште
Успешно е спроведен тендерот за фотонапонски централи на приватно земјиште со кој се потпишани договори за изградба на централи со јачина од 21 мегавати, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.Се работи за 29 различни локации од 23 инвеститори во 16 општини. Сите инвеститори имаат рок од три години да ги завршат работите околку изградбата на фотонапонските централи по што ќе потпишат договори за користење премиуми во траење од 15 години што ќе јачинат државата 420 илјади евра.