
Бектеши на фејсбук: Кафеаните и кафе баровите ќе работат до полноќ и еден час по полноќ за викендите
Министерот за економија во владата на република Северна Македонија, Крешник Бектеши, на својот фејсбук профил објави дека владата на вечерашната телеконференциска седница донела одлука за продолжување на работното време на кафе баровите и кафеаните од 22 часот до полноќ, односно до 1 часот по полноќ во текот на викендите.