
Бектеши: Ќе се забрани извозот на брашно
Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција истакна дека на денешната седница на Владата ќе предложат одлука за забрана на извоз на брашно кон други земји.
Бектеши рече и дека во зависност од тоа колку ќе трае кризата, не е исклучено понатаму да се забрани извоз од земајва и на други основни прехрамбени артикли.