Бектеши: Храна има доволно, компаниите да не го користат моментот за правење профит

Храна има доволно, а трговците да не го користат моментот бидејќи не е време за правење профит-порача министерот за економија Бектеши,кој ги повика компаниите да ги почитуваат владините мерки зошто и по вонредната состојба  ќе бидат проверени и казнети ако неосновано ги „билдале“ цените на основните прехрамбени продукти.

„Имаме доволно храна не само во моментов, но и за наредните месеци што следуваат. Би сакал да ги повикам компаниите да не ја користат можноста з аправење профит, не е време з аправење профит “- изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Туристичките агенции ќе им платат ново патување на сите граѓани на кои им пропаднаа туристичките аранжмани поради Ковид 19. Ваучерите ќе треба да ги поделат на клиентите, а ќе важат за патување до крајот на годинава. Целта е да се помогне на туристичкиот сектор кој прв реагираше дека е пред банкрот и трпи огромни штети од откажаните тури. Оваа мерка треба да помине на денешната владина седница.

„Издавањето на ваучерите ќе биде унифицирано за сите агенции и ќе се реализира во согласност со двете страни.Ако во меѓувреме некоја агенција затвори и прекине со вршење на дејноста, ќе има обврска парите во целост да им ги врати на клиентите.Агенциите кои нема да ги следат упатствата за добивање и издавање на ваучерите, ќе добијат прекршочни и кривични пријави.“- рече Бектеши.

Бектеши информираше и дека за поддршка на економијата ЗАМП  донесе одлука да ги ослободи од плаќање авторски права рестораните, кафулињата  и други угостителски објекти. Министерот уверува дека сите барања на туристичкиот сектор ќе бидат прифатени, за тој да не пропадне.

Со вчерашните владини одлуки се замрзнува цената на медицинските маски и ракавици, се укинува царината на 13 медицински производи, се забранува стечај за време на вонредната состојба, а отворените стечаи се пролонгираат.

Министерот информираше дека на вчерашната владина седница не се разговарало за предлогот на СДСМ за намалување на платите во администрацијата на 14.500 денари. Бектеши вели тој не е против да зема минималец, но е за функционерите и избраните и  именувани лица да земаат минимална плата од 14.500 денари, но не и целата асминистрација.

Александра Филиповска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ