Барселона го прегази Реал на 175. „Ел Класико“

Барселона го доби „Ел Класико“ во Мадрид со убедлив триумф над Реал од 3:0 во 16 коло од шпанската Ла Лига.

На Сантијаго Бернабе 175 меч беше решен во второто полувреме. Луис Суарез во 54 минута го отвори резултатот за водство на Каталонците. 10 минути подоцна Лионел Меси од пенал зголеми на 2:0, додека конечниот резултат го постави Алекс Видал во третата минута од судиското надополнување.

Барселона е во серија од 24 средби без пораз и остана лидер во шпанското првенство со 45 ет бодови, 14 бодови помалку на четвртото место има Реал, кој го доживеа првиот пораз по петте средби во кои оставри четири триумфи и едно реми.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ