Барикади и дежурства за одбрана на Вратничка река

Со барикади од градежна механизација и повремени дежурства жителите од Вратница деновиве ја бранат Вратничка река, за каде има најавено дека ќе се гради хидроцентрала.

Борбата велат и понатаму ќе продолжи и покрај тоа што изгубен е еден човечки живот, кој бил дел од живиот штит која ја чувал реката во понеделникот.

Хидрицентрали на Вратничка река не сакааат да се градат и жителите од околните села. Велат дека со вакви проекти ќе останат без вода.

Тие тврдат дека на Вратничка река е планирано да се градат неколку хидроцентрали, кои ќе им ја запустат реката.

Еден од инвеститорите Трибека Хидро вели дека ги имаат сите потребни документи за изградба на хидроцентрала на Вратничка Река и нивниот проект нема да ја загрози животната средина туку напротив, ќе се искористи реката за производство на струја преку извор кој не загадува.  

Вратничани се на ставот дека со хидроцентралите само ќе профитираат одредени поединци на сметка на природата.

Мештаните подршка имаат од локалната самоуправа, а во четврток треба да остварат средба со премиерорт Зоран Заев во владата, каде директно ќе го запознаат со како што велат штетните последици од најавените мали хидроцентрали на Вратничка Река.     

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ