Барањето за обраќање на Мицкоски не е стигнато кај Талат Џафери- но нема право да се обрати

До собранискиот спикер Талат Џафери се уште официјално не е пристигнато барање за обраќање на Мицкоски, велат изворите на Телма од законодавниот дом. „Но и да стаса тие нема да одобрат затоа што членот од Деловникот на кој се повукува ВМРО – ДПМНЕ се однесува на државни органи и институции, а не на лидер на партија“, објаснуваат од таму за Телма.

Предходно пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ поднесе барање за нивниот лидер да се обрати во собранието. Нивното барање го пренесуваме во целост:

„Со оглед на фактот што во овие моменти во законодавниот дом се расправа за потребата од Уставни измени кои имаат суштинско влијание, политичката криза во која влегува нашата земја како и значајноста која овој период ја има за иднината на Република Македонија, како и со оглед на сензитивниот момент, вниманието и контраверзите што ја предизвика оваа дебата во јавноста, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија која е во опозиција, и чиј што Претседател, проф. д-р Христијан Мицкоски не е пратеник, а со тоа е оневозможен пред народните преставници да ги изрази своите погледи и ставови кон ова чуствително прашање, испраќаме барање да се овозможи негово обраќање на тековната пленарна седница по однос на предложените уставни измени. Ова право го овозможува Деловникот за работа на Собранието, каде согласно член 72, став 2 од Деловникот овозможува Претседателот на Собранието да (цитираме) “може да покани на седницата на Собранието да присуствуваат и во работата да учествуваат претставници и на други органи и организации”.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ