
Барањето за формирање анкетна за СЈО вратено на доработка
Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ има рок од 15 дена да ги отстрани сите недостатоци и деловнички пропусти во содржината на предлог одлуката за основање Анкетна комисија за работењето на СЈО.
Доколку тоа не го сторат ќе се смета како воопшто да не била поднесена.
За ВМРО-ДПМНЕ ова е доказ дека СДСМ и ДУИ се плашат од правење увид во работењето на СЈО.
Се сомневаат дека документот го потпишал Џафери.
Од кабинетот на Џафери велат дека пропустите се од технички карактер и треба да се исправат.
Обвинителството да биде напишано со цел назив, да стои уставното име на државата, да се наведе името и презимето на собранискиот спикер и да се прецизира составот на Комисијата.
Реагираше и генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова.
Ги отфрли како неточни и неосновани обидите на Милошоски за нејзини политички интервенции во работата на законодавниот дом.
Со политички манипулации, несоодветни алузии и без никакви докази, пратеникот Антонио Милошоски го стави името на Иванова во политички контекст кој не е и не може да се доведе во никаква корелација согласно позицијата што ја врши во Собранието, пишува во соопштението од кабинетот на Иванова.
СДСМ смета дека ВМРО ДПМНЕ имале можност доколку сакале да дискутираат за работењето на СЈО.
ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже и повторно ќе поднесе предлог одлука за формирање Анкетна комисија за работењето на СЈО.
Јулијана Пешевска