Барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување пред пратениците

Барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување e последна точка на денешната собраниска седница.

Иницијативата е поднесено од пратениците на СДСМ, Сашко Костов и Диме Велковски.

Пратениците во собранието се уште не гласале за тоа дали го прифаќаат дневниот ред па извесно е дали тој ќе претрпи измени, според предложениот дневен ред точката за членот 11 од Закнот за помилување е 57, односнбо последна.

Минатата недела Законодавно-правна комисија во собранието заклучи дека нема потреба за давање автентично толкување за член што не постои, односно на членот 11 од Законот за помилување донесен во 1993 година.

Спорното прашање околу овој член е дали преку истиот може да се прогласи за неважечка одлуката на поранешниот претседател на државта Ѓорѓе Иванов да се повлече фамозната аболиција во 2016.

Поради процедурата во Собранието,  Уставниот суд минаната недела го тргна од дневен ред гласањето за нацрт-решението за одлучување за помилувањата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ