
Бањата во село Бање наместо да работи, се распаѓа
Од осумте бањи во државата, само бањата во село Бање, кочанско не работи. Изградена во осумдесетите години сега е затворена и во неа се се распаѓа, од она што може да се види одамна никој нема влезено. Општината Чешиново-Облешево во оваа бања гледа перспектива за развој на бањскиот туризам, а пред Нова Година конечно си го врати објектот во своја сопственост.
Физибилити студијата за бањата се прави со пари од УНДП, се очекува да биде готова во февруари, а дополнително ќе се прават испитувања, за да се види дали нивото на термоминералните води се повлечени.
Бањата во село Бање негогаш имаше кинезотерапија, болнички дел, а месечно ја посетувале 700 пациенти. Објектов кој е целосно руиниран беше во сопственост на државата, досега јалови беа и ветувањата дека повторно ќе се отвори за пациентите од источниот регион, кои засега ја користат само физикалната терапија на штипската бања Кежовица.
Викторија Димитрова Јованова