Бајрами: До сега е поднесена само една кривична пријава за поткуп

Во трката за успешен референдум пораките на премиерот Зоран Заев во Крива Паланка засега се причина за единствената кривична пријава која стасала до македонските обвинителства. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го пријавила, а обвинителствто сеуште не одлучило дали ќе го гони. Кампањата привршува мирно, а в недела јавното обвинителствто ќе бара злоупотреби со специјална екипа.

Кампањата точно на полноќ преоѓа во дводневен молк. Последни опомени да не се нарушува право на глас стасуваат и од министерството за внатрешни работи. Оливер Спасовски од Куманово порача дека дека ќе се санкционира секое нарушување на гласањето.

Прашањето кое остана неодгворено е дали полицијата може да апси и поднесува кривични пријави за уцени и поткуп во интерент просторот. Спасовски тврди дека попречувањето на остварувањето на правото на глас преку интерент пораки е казниво. Дигиталната форензичка лабораторија на Атлантскиот совет од Вашингтон откри дека преку 9 твитер профили преку тајна комуникција биле објавувани и мултиплицирани до 20, 000 пораки Најчесто со содржина за бојкитирање. Во заштита на правото на глас канцеларијата на народниот правобранител во недела, 30 септември ќе можат да се јавуваат и да пријавуваат злоупотреби по однос на референдумското прашање ,а на институциите, апртиите и сите чинители во општеството им порачуваат да нги попречуваат граѓаните за нивното лично изсјаснување.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ