Бајдевски: 200 луѓе веќе се распределени, но остануваат уште доста

Сега не сакаме да прејудицирам одредени работи додека не ги имаме сите елементи на маса. Во делот на распределените по Рамковниот договор ние таму имавме веќе некоја иницијатива веќе околу над 200 луѓе мислам веќе се распределени, но остануваат уште доста.

Министерот Манчевски најави пред неколку дена дека и таму ќе преземеме некои порадикални чекори за сите оние кои не одат на работа, а во делот на новоформираното Министерство за политички систем  се надевам ќе нема нови вработувања, туку вработените од Секретаријатот за спроведување на Рамковен договор ќе бидат превземени, а доколку има потреба од зголемен број ќе бидат превземени од они кои треба се реорганизираат.

Во видеото погледнете ја изјавата на Александар Бајдевски, заменик министер во Министерство за информатичко општество и администрација.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ