
Автопатот Тетово-Гостивар најфрекфентен и најнебезбеден
Ова е еден од најфрекфрентните автопати во земјава. Лани тука биле регистрирани 16.300 возила. Се работи за делницата Тетово – Гостивар, но иако е еден од најпрометните во земјава состојбата со безбедноста е на многу ниско ниво. Долж коловозот нема доволно заштитна ограда, нема помошна лента, ниту пак осветлување.
Поради ваквата состојба на патиштата но и несовесното возење, сообраќајките со жртви и тешко повредени се чести во дневните билтени. Елмир Мустафаи, единствен ревизор за безбедност на патиштата во земјава, вели дека тој пат е многу ризичен, бидејќи се вози брзо, а сообраќајницата не ги исполнува условите за Автопат. Потребно е да се прави ревизија и на проектното решение за патиштата и на безбедноста, вели тој
Од Јавното претпријатие за државни патишта, лани најавија дека се разгледуваат три опции за реконструкција на Автопатот Тетово – Гостивар, но за какви градежни зафати станува, деновиве не успеавме да добиеме одговор.
Во меѓувреме се работи на поставување на заштитна ограда на делницата Скопје – Тетово, а ваквите активности според ветувањата ќе продолжат и кон автопатот кој води кон Гостивар.
На Автопатот Тетово – Гостивар чести се сообраќајките со жртви. Во декември минатата година загина полицаец, кој со негов колега ја обезбедуваше делницата, каде преходно излетало возило.
Зоран Димовски