
Автопатот Смоквица – Д.Капија во април во употреба
Шест години откако почна изградбата, автопатот Демир Капија Смоквица ќе се пушти во употреба. Според Владата надминати се сите можни препреки и првите километри возилата ќе ги возат веќе од втората половина на април.
Ова според Сугаревски не значи ново пролонгирање на стартот на употреба на автопатот иако откако лани владата потпиша анекс на договорот за изградба на 28 километарската делница рокот од 1 Ноември се пролонгираше до 28 февруари.
Во моментов според ЈП за државни патишта, привршуваат техничките контроли на опремата вклучувајки ја електрификацијата и сигнализацијата.
Во меѓувреме тече предистражната постапка во СЈО откако во декември лани обелодени дека од редовното обвинителство го презема случајот Актор.
СДСМ како опозиција обелодени дека филијалата на Стопанска банка во неготино од почетокот на овој месец ја посетиле 96 грчки државјани со иста цел да подигнат илјадници евра како хонорар од грчки Актор иако ниту еден од нив не бил директно ангажиран на автопатот.
Изградбата на Автопатот чинеше 218 мил. Евра, пари обезбедени со грант од Европската Комисија, заем од ЕИБ, и од ЕБОР како и 6 мил. евра од државниот буџет.
Со оваа делница се заокружува автопатсклото решение Коридор 10 односно автопатот пријателство на територијата на Македонија.
Делницата има две клучки кај Миравци и Смоквица, два тунела долго 1200 метри, 6 моста со должина од 100-500 метри, 6 потпатници и 2 натпатника.
Започна да се гради во септемрви 2012 година, а рокот што го постави претходната Влада беше септемрви 2016 година.
Виолета З Стојановска