Македонија Автопатот Штип-Миладиновци ќе се пушти за 10 до 15 дена
Во земјава се реконструираат над 30 регионални патни правци, а до крајот на годината се очекува да се рехабилитираат околу 600 километри, забележа министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешниот увид во реконструкцијата на патот Пробиштип-Злетово.
Автопатот Штип-Миладиновци ќе се пушти за 10 до 15 дена најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов. Во моментов се градат пристапни патишта, а се поставува и заштитната мрежа по должината на автопатот.



