Автопатот и понатаму ги збунува возачите

Застанати возила коишто бараат насоки како да се приклучат на автопатот, и такви коишто се враќаат откако го згрешиле патот. Вака е со денови на автопатот Скопје – Гевгелија за приклучување на новата делница кај Демир Капија. Возачите велат дека се збунети затоа што знаците не се доволно јасни. Вакава забелешка имаат и домашните патници и странците.

Според директорот на Јавното Претпријатие Државни патишта оваа забуна ќе ја нема откако ќе се пушти делницата кај Неготино којашто е при крај со реконструкција. Засега целиот проблем настанува на влезот во Демир Капија.

Дали ќе се постават дополнителни знаци треба да одлучи МВР која што е надлежна за сообраќајната сигнализација.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ