Автомобил покоси 10 пешаци, еден потешко повреден

Враќајќи се од погребна поворка  61 годишен жител на Мала Речица со своето возило удрил во 10 пешаци кои се движеле во колона по локалниот пат во селото.

Сите пешаци кои исто така биле на погреб на селските гробишта се здобиле се телесни повреди, еден од нив поради сериозноста на повредите е задржан на лекување во Клиничката болница во Тетово, и  се наоѓа надвор од животна опасност

Првичните информации говорат дека возачот кој бил во поодминати години загубил контрола на возилото кое завршило во пешаците.

Во првите шест месеци од годинава, на тетовското подрачје се случиле 38 сообраќајки во кои учествувале пешаци. Двајца од нив на лице место ги загубиле животите, останатите се здобиле со телесни повреди.

Од полицијата апелираат на поголема внимателност и на возачите и на пешаците во овој период од годината кога фрекфренцијата во сообраќајот е поголема . Оттаму најавуваат зачестени сообраќајни контроли на подрачејто на СВР Тетово.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ