
Автобусот возел со 80 км. на час
Со тага во очите Бељули Илмихал од Ласкарци и денеска помина покрај својата нива каде пред два дена згаснаа многу животи. Се присети на тешката ноќ во која со соселаните помагаа во извлекување на заглавените патници и гледаа како пред очи згаснуваат живтотите на потешко повредените во смачканиот автобус.
Како споменик на една голема трагедија и загуба – Немаше патник кој денеска помина од овде а да не заврти глава да не подзастане и да не се запраша како се случи оваа стравична несреќа. Реџа Нусрет од Тетово е еден од нив. Вели сочувствува со семејствата на жртвите.
Денеска местото на несреќата беше празно. Автобусот е од вчера во касарната Ѓорче Петров. Полицајците и вештаците заминаа по увидот. Останаа стакла и трагите од падот на автобусот – искината ограда оштетен асфалтот како и искршените дрва во налетот на падот. Првото прашање кое сите си го поставуваа е колкава била брзината со која автобусот ги преминал двете огради на автопатот паднал и продолжил во нивата.
Првиот одговор го дал тахографот, инструмент кој мери брзина и време. Покажал 80 км на час, велат неофицијалните информации од истрагата.
Од обвинителството добиле податци за брзината, но велат последниот збор ќе го имаат вештаците од машинскиот факултет кои ќе треба да потврдат дали е тоа реалната брзина со која се движел автобусот. Ќе проверуваат дали уредот бил исправен или пак можеби бил закочен.
Пред обвинителството да донесе одлука дали причина за несреќата е во автобусот кај возачот или нешто сосема трето, обвинителството ќе собира докази и изјави. Од таму најавуваат дека следната недела ќе испратат покани за да го сослушаат возачот но и патниците во автобусот. Ќе се вештачи и телефонот на возачот- листинзите но и дали во кртитчниот момент користел вибер или друга мобилна апликација. Се чекаат и резулатати од обдукцијата, медициснка документација но и документацијата од превозникот Дурмо Турс.
Елена Ивановска Мукоска