Автобусите на „Дурмо Турс“ осум години лажирале брзина на возење

Филип Наумовски дента на 13 февруари кога се случи трагедијата кај Ласкарци, бил кондуктер во кобниот автобусот, но се симнал во скопската населба Ѓорче Петров и се спасил од трагедија.

Тој денеска одговараше на прашањата на обвинителот за работењето на фирмата во која вози од 2011 година. Наумовски чиј газда е обвинетиот сопственик на Дурмотурс, Дурмиш Белули, пред судот призна дека во автобусот бил вграден манипулатор за брзината на тахографот кој ја лажирал брзината за 12, 13 километри.

Вакви манипулатори имало вградено во три автобуси во сопственост на фирмата. За манипулаторите дознал неколку месеци откако бил примен на работа во 2011, што значи автобусите возеле со манипулатори околу осум години.

Сведокот заедно со уште еден возач кој претходно сведочеше, но не се сеќаваше на ништо, Бесник Халили, ги имал носено автобусите во фирма во Железара за да се вградат манипулаторите. Како што му кажал неговиот колега, тоа го наредил шефот на возниот парк, Ремзи Мифтари. Иако Мифтари, кој е обвинет во овој случај, бил шеф, возачите сами ги договарале распоредот на работни часови, сите возеле на една тахографска лента.

Свесни биле дека тоа е недозволиво, но сепак го правеле тоа бидејќи никој не ги контролирал и за ова имало преќутна дозвола. 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ