Автентичното толкување за амнестиите пред пратениците после 11 декември

Седницата за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување се очекува да  се најде на дневен ред пред пратениците по 11 декември. Собранискиот спикер Талат Џафери го испратил барањето до Законодавно правната комисија и до  Владата која треба да даде мислење и да го проследи до законодавниот дом.

Владата нема рок во кој треба да се произјасни.Дилемите зошто се бара толкување на членот 11 а не на оспорениот од Уставен суд член 11 а ги разјаснува претседателката на законодавно правната комисија Соња Мираковска.

Тврди дека амнестиите на Иванов се противзаконски затоа што ги дал врз основа на укината одредба.

ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека сето ова е дел од однапред подготвено сценарио за дефокусирање на јавноста од актуелните случувања.

И опозициските партии на Албанците со сомнеж за тајмингот  на Уставниот суд зошто токму сега ги поведува иницијативите за амнестиите.

ДУИ останува воздржана од каков било коментар.

Ќе го чекаат мислењето на Владата па дури потоа ќе се произјаснат.

Од Кабинетот на собранискиот спикер велат дека доколку има предлог автентично толкување и заклучок од ЗКП до почетокот на собраниската седница за предложениот текст може да се доставуваат амандмани.

И да има и да нема одлука од комисијата,Собранието на крајот е тоа кое ќе треба да одлучи дали и какво толкување ќе се донесе. За усвојување неопходно е просто мнозинство. 

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ