Австрија ќе поддржи отворање на преговори, но очекува тешка дискусија од ЕУ земјите

Австрија силно поддржува почеток на преговори со Евопската унија за Македонија и Албанија. Австрискиот министер за надворешни додје во Скопје, десет дена пред европските лидери да ја носат одлуката за датумот за преговори, велејќи дека тајмингот на неговата посета не е случајност туку поддршка и јасен сигнал на солидарност со Македонија.

„Скопје ги испорача резултатите. Сега е на ред Брисел да ги испорача своите резултати. Тоа е и ќе биде нашата позиција следната седмица. Ќе бидат тешки дискусии, нема сите да имаат исто мислење. Но, оптимист сум и уверен сум дека ќе постигнеме позитивни чекори во Брисел.“, рече Александер Шаленберг министер за надворешни работи на Австрија.

И министерот Никола Димитров, кој му беше домаќин на Шаленберг очекува многу од Европскиот совет, кој треба да се одржи следната недела во Брисел. Тој ги наброја реформите кои до сега ги направи Македонија и кажа дека земјата  заслужува да почне преговори што ќе значи почеток на европскиот пат, а не крај. Истата порака ја упати и еден час пред прес-конференцијата со Шаленберг, на панел дискусија посветена на дипломатските искусва од Договорот од Преспа.

„Наредниве денови, Советот за општи работи на 15 октомври и Европскиот совет на 17 и 18 октомври се рандеву со историјата. И ако ЕУ не го охрабри овој тренд, ако не е признаен и препознаен со позитивна одлука за почеток на преговори ќе испрати порака дека Европа не е сериозна кога ги носи и усвојува своите заклучоци“, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров

Овие зборови ги слушна и евро-амбасадорот Самуел Жбогар, кој зборуваше на истата панел-дискусија. И тој е оптимист пред европскиот самит идната недела. 

„Не сакам да предвидувам, но позицијата не ЕК  и на сите институции во Брисел е многу јасна. Сите изразија силна поддршка за оворање преговори. Тоа го охрабрува оптимизмот за она што доаѓа следната недела“, рече амбасадоротЖбогар.

Сепак, и покрај оптимизмот на некои членки на Унијата се уште не е јасен ставот на Франција околу датумот за преговори за Македонија. Ако министрите за наедворешни на Унијата не успеат да се договорат околу ова, одлуката ќе ја носи лично претседателот Емануел Макрон на самитот на лидерите на крајот на идната недела во Брисел. За сега, Франција инсистира прво на реформи внатре во Унијта, а потоа на проширување.

Марија Дивитарова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ