АВМУ со упатство за медиумско претсавување за време на референдумот

Агенцијата за медиуми излезе со упатство за медиумско претставување за време на референдумот. Уредниците, новинарите и водителите нема да смеат да учествуваат во јавна пропаганда, да фаворизираат заинтересирани страни, и ќе мора да обезбедат еднакви услови за сите учесници во кампањата.

Агенцијата укажува дека деветте минути за платена јавна пропаганда треба да се поделат на две еднакви половини. Едната за субјектите кои ќе агитираат да се одговори „ЗА“ на референдумското прашање, а другата за оние кои ќе агитираат против или „ЗА БОЈКОТ“.

Радиодифузерите треба да одбијат емитување на пропаганда доколку со неа се загрозува националната безбедност, се повикува на воена агресија или на оружен конфликт, ако се поттикнува или шири дикриминација, нептрпеливост или омраза, или се врши злоупотреба на деца за политички цели. Платената програма не смее  да се емитува во информативни емисии.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ