
АВМУ по 17 август ќе се произнесе за дополнително време за платената пропаганда
И десет дена по старот на јавната пропаганда за референдумот, се уште нема прецизни правила како таа ќе се води во медиумите. ДИК и Агенцијата за аудио-визуелни медиумски услуги со контрадикторни насоки до медиумите околу платената јавна пропаганда. ДИК објави правилник во кој се предвидува овластениот предлагач, Собранието, да има привилегиран пристап до услугите на медиумите предвидено со Изборниот законик, додека за другите важат пазарните услови. ДИК притоа не дефинира кои се тоа други субјекти кои можат да водат јавна пропаганда.
Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги денеска пак соопшти дека за јавната пропаганда радиодифузерите треба да ги почитуваат одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Агенцијата смета дека тоа што Законот за референдум утврдува дека овластениот предлагач, Собранието, може да води јавна пропаганда, истото не значи дека Собранието има привилегиран пристап до медиумите, ниту во поглед на користењето на времето, ниту во поглед на цените за рекламирање.
Според неа платена јавна пропаганда медиумите може да емитуваат во рамки на лимитот за рекламирање од 12 минути на секој реален час, јасно одвоена од другите содржини и нарачател, со ендков пристап и услови за сите.
Агенцијата најави дека по авршување на јавната дебата до 17 август за нејзините препораки таа ќе одлучи дали ќе биде овозможено дополнително време за емитување платена јавна пропаганда, како што побарале дел од радијата и телевизиите.
Од таму за Телма информираат тоа нема да значи воведување на нови правила.
„Со ова, во моментите кога ќе се зголеми побарувачката за вакво рекламирање, не би се нарушило комерцијалното работење на радијата и телевизиите. Без оглед дали платената јавна пропаганда ќе се емитува во редовното или во дополнително време – правилата остануваат исти“, се наведува од Агенцијата.
За познавачите медиумскиот сектор, нејаснотиите околу водењето на кампња за референдумот создава недоумица дали има правила, кој ги носи, кој е надлежен за нивно спроведување. Од Центарот за развој на медиумите се на став дека со правилата примарно треба да се занимава ДИК, со помош од Агенцијата во нивното утврдување.
„До тогаш претпоставувам дека на медиумите им преостанува да изберат, затоа што Законот за референдум нема јасно упатсво на кој закон можат да се повикаат, доколку се во таква недоумица. Дали ќе се оди на специјалниот закон за аудио-визулени медиумски услуги или Изборниот законик. До тогаш им останува членот кој се однесува на комерцијалното рекламирање, затоа што до тој момент тие, што се однесува до политичкото рекламирање, да се придржуваат до правилата и ограничувањата што ги содржи тој закон“, вели Георгиевски.
За Георгиевски правна празнина е тоа што не е дефинирано кои се субјкети можат да купат во медиумите рекламен простори и во кој обем.
„Најелегантно решение би било да се остави на сегашните ограничувања, на продажба на реклама, освен ако ДИК не направи листа на субјекти коин што ќе се сметаат за некаков пандан во случај на референдум“, вели Георгиевски.
Според него потребни се многу попрецизни правила по прашање на референдум, како за тоа кои носителите на кампањите, но и медиумското покривање.
Тамара Грнчароска