АВМУ ќе донира финансиски средства за ТВ Вис за санирање на штетите од пожарот

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе донира финансиски средства на ТВ Канал Вис од Струмица со цел да и помогне на телевизијата во санирање на последиците од пожарот кој ја зафати на 25 март, во којшто беа опожарени телевизиското студио и техниката.

Од АВМУ соопштија дека станува збор за доделување дополнителни финансиски средства, покрај оние коишто на 25 март им беа доделени на сите радиодифузери, меѓу кои и на ТВ Канал Вис. Одлуката за донација, како што информираа, Агенцијата ќе ја донесе на седницата закажана за 2 април 2020 година.

„Се надеваме дека телевизијата набрзо ќе ја надмине оваа состојба и дека и понатаму ќе биде дел од медиумскиот плурализам на регионално ниво, односно дека ќе продолжи со емитување програма и содржини од значење за регионот Д4“, којшто опфаќа повеќе населени места, наведоа од АВМУ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ