Македонски навигации: Авионот на Туркиш ерлајнс се врати за Истанбул поради неповолни временски услови

„Во врска со вчерашниот настан за воздухопловот на превозникот „Turkish Airlines“ кој се движел на релација Истанбул – Скопје и во однос на кој медиумите информираа дека имал вкупно пет неуспешни обиди да слета на скопскиот аеродром, М-НАВ АД Скопје ја информира јавноста дека поради лошите временски услови над скопскиот аеродром односно поради појава на кумулонимбусни облаци спомнатиот воздухоплов не можел да слета, туку по одлука на пилотот воздухопловот се вратил на аеродромот на поаѓање Истанбул“, стои во соопштението од Македонски навигации.

Од М-НАВ ги демантираат објавите на некои портали дека воздухопловот се обидел да слета пет пати, туку видно и од траекторијата која е дадена во прилог на написите кои излегоа низ медиумите покажува дека воздухопловот кружел, чекајќи да се создадат поволни временски услови за слетување на скопскиот аеродром но бидејќи истите не се создале донел финална одлука да се врати на истанбулскиот аеродром.

„Во вакви случаи, велат од Македонски навигации, кога поради неповолни метеоролошки услови воздухопловот не може да слета на саканата дестинација, одлуката за тоа каде и кога ќе слета воздухопловот е исклучиво на компанијата и на пилотот кој е одговорен за безбедноста на летот и патниците во него.

Телевизија 24 јави дека во авионот бил и градоначалникот на Охрид како и дел од делегацијата што се враќала од состанокот на УНЕСКО во Баку.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ