Ацо Колевски е новиот претседател на Советот на јавни обвинители

Едногласно без противкандидат и зад затворени врати членовите на Советот на јавните обвинители го избра обивнителот Ацо Колевски за нов претседател за наредните две години. Колевски е член на советот од февруари минатата година а обвинител е од 1997 од основното преку организиран криминал до републичкото обвинителство. Но иако во минатото во јавноста се споменуваше по повеке предмети мегу кои и хеликоптерската несреќа кај Блаце во загинаа 11 офицери на АРМ, најдолго во медиумите се задржа неговото име откако побара од Врховен да му се укине притворот на бизнисменот Сеад Кочан кој тогаш  беше во бегство и со тоа му се отвори патот да се врати назад на слобода. Ова барање и одлуката на врховен предизвика лавина на реакцииа а за врховните судии се уште се води постапка за разрешување. Колевски и денеска стои зад потписот на тоа барање за заштита на законитоста.

  • Сите случувања после тоа го оправдуваат барањето за заштита на законитоста. Доколку  ова вонредно правно средство се употребуваше ова вонредно досега ќе се извршеше некаква контрола во работењето на СЈО, тие ќе немаа таква слобода да постапуваат без контрола и да дојдеме до оваа ситуација јавен обвинител, за жал, да се впушти во недозволени дејствија, рече Колевски.

Една од првите задачи на советот предводен од Колевски е постапката за разрешување на Катица Јанева која ја започна неговиот претходник вчера. Извештајот веќе бил испратен до Собранието. Но за разлика од  Штерјев, Колевски не сакаше да го открие својот став за тоа дали треба Советот да бира В.Д шеф на СЈО.

  • Сакам да потенцирам дека Советот одлуките ги носи со мнозинство гласови, па доколку ова прашање се постави во работата на Советот јас ќе го изнесам на седница за да го слушнам мислењето на секој од членовите и евентуално заедно да донесеме некоја одлука доколку сметаме дека има потреба. Не би можел да кажам мој став бидејќи би го прејудицирал мислењето или одлуката која би ја донел Советот во однос на тоа прашање, рече Колевски

За случајот Рекет смета дека фрла темна дамка врз јавнобивнителската функција сепак за прашањата во врска со оваа истрага новинарите ги упати кон обивнителството за организиран кримина.  За судбината на предметите на СЈО клучот го гледа пред се во Собранието.

И Колевски на првиот ден од функцијата вети транспарентност кон медиумите. Првата пресконференција ја одржа во присуство на заменикот во Советот Меџит Јусуфи. За разлика од седниците за разрешување на Јанева, државниот обивнител Љубомир Јовески денеска присуствуваше на изборот на Колевски.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ