Ацевски: Загрижен сум дека ДЗР ќе биде блокиран со измените на изборниот законик

Државниот завод за ревизја ќе биде блокиран да ги следи само политичките партии во изборни кампањи ако се прифатат измените на изброниот законик, алармира новиот директор на Државен завод за ревзија Максим Ацевски во интервју за Телма. Посочува дека институцијата нема доволно кадровски капацитет за да го спроведе она што од неа се бара со новите надлежности кои треба да и се дадат. Дополнително посоочува дека ќе се обиде да ја убеди и Европската комисија во некое идно време ДЗР да не ја прави контролата на политичките партии.

Ацевски, во делот на недостатокот на кадар вели дека пред изборите има време да се вработат 20 до 25 луѓе со кои ќе се засили капацитетот на институцијата, а понатаму уште дваесетина.  Во однос на тоа што ревизорските извешати остануваат само испшани на хартија и енмаат правен епилог за она што таму е наведено какок ненаменско и незаконско трошење, најавува дека ќе бара средби со јавниот обвинител и министерот за внатрешни, Љубомир Јовески и Оливер Спасовски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ