
Ацески: Неквалитетното образование ја урива државата
Во вторник заминува во пензија, а утре, последниот работен ден ќе го искористи за да укаже на потребата од коренити промени во високото образование. Професорот по Социологија на Филозофскиот факултет, Илија Ацески, утре во симболичниот термин- 12 часот и 5 минути, пред Ректоратот на УКИМ, ќе изведе перформанс „ Ковање на правилата“, ќе го промовира прирачникот „ Чудесии на УКИМ“, ќе одржи превадање за Марфиевите правила за студентско самопронаоѓање во културата на корупција и ќе се фотографира пред споменикот на „ Свети Кирил и Методиј “, со свиркачи кои му помогнале да ја открие корупцијата во високото образование. Причината е како што вели Ацески, да алармира дека неквалитетното образование ја руши државата.
- Понатаму не можеме. Високото образование е нешто кое ако не ги содржи тие елементарни перформанси за квалитет, дека тоа ја урива нацијата. Ја урива државата во краен случај. УКИМ произведува кадри и едуцира за сите сфери на општеството. Ако се тие неквалитетно, така ќе работат и институциите, изјави проф.д-р Илија Ацески- професор по Социологија на УКИМ.
Нема сериозна едукација на студентите, освен во ретки исклучци, нема истражувања , а без нив нема научна работа, ниту пак постои елементарна методологија. А, наместо наставно-научна дејност и менаџирање, УКИМ е пазарно ориентиран, а профсорите се борат за лични интереси. Со еден збор, системот е корумпиран, потенцира професорот.
- Се создаде една атмосфера на култура на корупција.јас имам, да речеме 20 предмети. Зошто да немам 30 предмети? А, знаете зошто? Ниту нешто држам, ниту ништо. Тоа е сето импровизација. И тие кои што беа малку поалчни, подрчни за тоа, тоа тие го направија изјави проф.д-р Илија Ацески- професор по Социологија на УКИМ.
Изработка на нов модел за финансирање на високото образование, за унапредување на неговиот квалитет и ново усвоениот Закон за високо образование, кој овозможува подршка на борбата со корупција, се мерки со кои ќе се мотивира професорската и научната фела, велат од МОН. Ацески не се откажува од својата борба. Вели, сака да придонесе, УКИМ наместо под 1500 место, да се подигне барем во првите 500 универзитети на Шангајската листа.
Сотир Трајков