Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права (АЗАС) Скопје објавува јавен повик за донесување тарифници

Асоцијацијата АЗАС (Асоцијација за заштита на авторски и сродни права) Скопје, согласно решението бр. УП1 52-469 објавено во „Службен весник“ на ден 11.09.2018 година, а согласно член 140 од Законот за авторското и сродните права („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/2010; 140/2010; 51/2011; 147/2013; 154/2015 и 27/2016) на ден 12.12,2018 година го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК

Како дел од постапката за донесување на тарифа 

со цел создавање на ценовници кои ќе соодветсвуваат со потребите како на носителите на права, така и на корисниците, и да допринесе за подобрување на реалната состојба во Република Македонија по однос на регулирањето на авторските и сродни права во аудио-визуелниот сектор.

Се повикуваат сите заинтересирани страни кои имаат, забелешки, предлози и мислења на Предлог – правилникот со тарифа за користење на авторски аудиовизуелни дела и предмети на сродни права, нив писмено да ги испратат до Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права АЗАС Скопје на ул. Скопска бр. 15-2/1, Скопје-Центар или да ги пополнат на формуларот на оваа веб-страница или на е-маил адресата [email protected]

Согласно Законот за авторското и сродните права, јавниот повик трае до 11.01.2019 година.

http://azas.org.mk/?page_id=21

http://azas.org.mk/wp-content/uploads/2018/12/Predlog%20-%20TARIFA%20-%20AZAS.PDF

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ