
АСМЛ: Во тетовската клиничка болница се примени лица кои имаа помалку бодови од одбиените кандидати
Ова се списоците објавени од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, на кои се гледа дека во тетовската клиничка болница се примени лица кои имаа, пониска бодовна ранг листа од кандидатите кои се одбиени
Ваквата пракса според Асоцијацијата со која не се земаат предвид стручноста и знаењето на идните лекари, е присутна во сите болници во државата 10 години.
Но последниот оглас за вработување велат е капка која ја прели чашата.
Законското решение со кое последниот збор за вработување го има директорот на здравствената установа ќе мора да се смени, се со цел да не се прават злупотреби и да нема сомнежи дека првите луѓе на болниците вработуваат свои луѓе, велат оттаму.
Од директорот на тетовската клиничка болница не успеавме да добиме став, по кој критериуми ги примил на работа новите лекари во тетовската клиника болница.
Од Асоцијацијата, велат дека во тек е подготовка на новиот закон за здравствена заштита
Велат дека веќе побарале средба со министерот за здравство Венко Филипче, на кого ќе му предложат системски решенија за проблемот со вработувањата во болниците по волја на директорите.
Зоран Димовски