
Арнаудов, Дамовски и Илиевски излегуваат од Шутка
Пратеникот Љубен Арнаудов, и организаторите на протестите за заедничка Македонија, Борис Дамовски и Богдан Илиевски излегуваат од Шутка. Скопска апелација ги прифатила нивните жалби и им ја преиначила мерката притвор во домашен притвор, а истовремено да им се одземе и пасошот, потврдија од судот за Tелма.
Ексминистерот за внатршени Митко Чавков пак останува во притвор одлучиле од апелационите судии по вчерашната јавна седница. Од Шутка во куќен притвор излегува Јане Ченто за кој според доброупатни извори имало снимки на кои се гледа како со нога го удира Заев во стомак, но и Иван Цветановски кој работел во кабинетот на Велјановски и Оливер Радулов од УБК.
Освен за Чавков, Апелација ја одбила жалбата и на праеникот Јохан Тарчуловски кој е во домашен притвор и за уште 4-ца други осомничени.
Апелација денеска се произнесе за 12 од жалбите на осомничените за „Крвавиот четврток“ кои се однесуваат на третиот месец од истрагата. Наскоро Кривичен ќе се произнесе и за секој осомничен поединечно, какви мерки ќе им определи во 4-от месец. Дополнително деновиве ќе има одлуки и за жалбите на останатите оосмничени.
Пратеникот Сашо Василевски на негово барање не беше спроведен од Шутка во Апелација. Неговиот адвокат Александар Новаковски побара да му се укине притворот затоа што веќе бил сослушан, листинзите од телефонот биле обезбедени, а тој ниту ја попречувал до сега ниту во иднина ќе ја попречува истрагата. Обивнителот побара Василевски да остане во притвор поради тежината и начинот на извршување на делото. Утре ќе се одлучува и за жалбите од неговите колеги Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и за актерот Владо Јовановски.
Елена Ивановска Мукоска