
Армијата од синоќа ги обезбедува владата, собранието и затворите во Скопје
Армијата од синоќа се вклучи во обезбедувањето на објектите од витално значење меѓу кои Владата, Собранието и затворите во Скопје. Извршена е реорганизација и зајакнување на обезбедувањето на резиденцијата на Претседателот со армиско обезбедување и однадвор . Претседателот Стево Пендаровски на состанокот со Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски бил информиран и за проширените активности на Армијата во соработка со полициските сили, како и за поддршката што Армијата ја дава на цивилните структури, здравствените работници, Црвениот крст, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и локалната самоуправа.