АРМ за плати ќе подели 65 милиони евра

Околу 300 вработени во Министерството за одбрана се вишок, утврдено е со стратегиски одбранбениот преглед на Одбраната. Станува збор за вработени и цивилни лица, но и на воени лица распоредени во министерството.

Според планот – треба да се намали и бројот на државните советници во кабинетот, од 16 на 6, а и бројната состојба на АРМ ќе треба да се намали, па за десет години армијата ќе биде ограничена на не повеќе од 6.800-тини припадници. Планот кога ќе почне намалувањето на бројот на вработени се уште не е донесен, но министерката тврди дека нема да се оди преку откази за непотребните туку преку трансфери во други државни институции или дури и да се формира државно претпријатие.

Но оние што ќе останат во министерството или во АРМ оваа година ќе добијат 5 проценти покачување на платите. А за плати догодина одбраната ќе подели речиси 4 милијарди денари или околу 65 милиони евра, рече Шекеринска која денеска го презентираше одбранбениот буџет.

Тој ќе изнесува 8,3 милијарди денари или 135 милиони евра, односно 1,19 проценти од бруто домашниот производ. За капитални инвестиции планирани се 20 и пол милиони евра кои треба да се потрошат за нови борбени средства и модернизација.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ