
Архитектот Барозони го претстави проектот за новиот забавен парк чија изградба ќе чини 11 милиони евра
По, најавата за изградба на нов луна парк во Скопје стаса и планот. Доаѓа од Италија, а го носи архитектот Франко Барозони.
34 години креира забавни паркови, а на Скопје му скроил место за забава со мешана архитектура од целиот свет. Најмногу содржини ќе има за децата и семејствата, а само една петина од паркот ќе им припадне за зависниците од адреналин.
„Имаме предвидено два ролеркостери. Еден за семејствата и децата, но и еден побрз, за поголема возбуда. Антички коли, и рампи на надувување за лизгање, ќе бидат дел од понудата, бидејќи тие се најбарани во европските забавни паркови“, истакна архитектот Франко Барозони.
Барозони не побарал пари за идејата за паркот. Планот, и изведбата сепак ќе чинат и до 11 милиони евра. До сега се потрошени пари за осветлување, управна зграда, и друга инфраструктура, проект кој го најави и започна минатата локална власт, а го прекина сегашниот градоначалник Петре Шилегов, кој сега со полна пареа планира да го доврши долго најавувавниот забавен парк.
Шилегов ветува дека нема да исече ниту едно дрво за потребите на неколкуилиајдниот паркинг. Архитектите, пак бурно реагираа на идејата за забавен парк, наместо Луна Парк, токму заради угостителктие објекти.
Ако догодина овој парк ги отворите вратите, проекциите се дека дневно ќе го посетуваат и до 3000 луѓе, бидејќи според Шилегов најбилскиот ваков забавен парк е на 250 километри одалечен од Скопје.
Павле Беловски