
Археолошки предмети откриени на трасата за транспорт на руда кон Боров Дол
Археолози од Штип, Струмица и Скопје интензивно работат на откривање на рударска населба од железното време, а која се наоѓа на просторот каде што ќе поминува транспортната траса по која ке се носи рудата од новиот рудник Боров Дол до радовишки „Бучим“.
На овој локалитет пронајдени се две печки за топење на руда, монети од 3 и 4век ,како и керамика карактеристична од пред осум илјади години.
Археолошките истражувања финансиски ги поддржува рудникот за бакар и злато Бучим, а кој доколку до 2020 година не го отвори Боров дол ќе мора да стави клуч на врата.
Ова е втора архелошка акција, пред околу седум месеци во месноста Боров Дол откриена е рударска населба која датира од 5 и 6 век пред новата ера. Археолошките истражувања ке завршат до крајот на мај.
Викторија Јованова