Арбер Адеми: Се уште не се знае дали зимскиот распуст ќе биде продолжен

Министерот за образование Арбер Адеми денеска не прецизира дали поради епидемијата со морбили на тероторијата на град Скопје, ќе биде продолжен зимскиот распуст на учениците, за да не се шири заразара. Адеми изјави дека во пресрет на второто полугодие во училиштата, ситуацијата со епидемијата сериозно се следи и дека адекватно ќе се реагира.

  • Ја следиме ситуацијата . Конкретно, тоа што е неопходно да се превземе од наша страна како надлежна институција , ќе биде превземено. Имајќи ја предвид здравствената заштита на нашите најмили , на нашите деца , без оглед дали се во основно образование или во предучилишни установи.

Министерот за образование истакна дека во координација со Министерството за здравство и со Министерството за труд и социјална политика, се бара законска мерка за да се поттикне вакцинирањето на децата.

  • Во координација сме со здравство, труд и социјала, за да изнајдеме законско решение со кое ќе се поттикнат сите родители да ги вакцинираат децата, имајќи предвид дека основното образование е задолжително и предвидено е со Уставот на РМ.

Задолжителното вакцинирање на учениците, е дел од постоечкиот Закон за основно образование, допони министерот за образование. Епидемијата со морбили започна на средината на декември , минатата година, во градинка во Радишани, а потоа се прошири низ повеќе скопски општини, а најмногу ја има во Ново Лисиче. Таму вчера беа констатирани уште 7 новозаболени. До вчера, според здравствените власти биле хоспитализирани вкупно 22 лица на Инфективна клиника. Од нив 13 се уште се во болница, а 9 се пуштени на домашно лекување.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ