
Априлските пензии на картички ќе „легнат“ утре, пензионерите од шалтер ќе ги подигаат во четири групи
Априлската пензија ќе почне да се исплатува од утре за пензионерите кои користат платежни картички, а пензионерите кои ја подигаат од шалтер во банка ќе бидат распределни во четири групи.
– во понеделник, 27 април – ќе се исплатуваат пензии во висина до 11.000 денари;
– во вторник, 28 април – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– во среда, 29 април – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– во четврток, 30 април – пензии во висина над 18.000 денари.
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека сите банки се подготвени предвремено да ја исплатат априлската пензија. Народната Банка излезе со препораки пензионерите да избегнуваат користење готовина и им препорача да почнат постапки за вадење на платежни картички, а граѓаните да избегнуваат посети во банки во периодот од 8 до 12 часот кога е дозволено движење на лицата над 67 години. При подигнувањето на пензиите задолжително е почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот.