„Стоп корона“ обиколка – како функционира апликацијата и колку граѓаните веруваат во оваа алатка?

Стоп корона – мобилна апликација за откривање близок контакт со потенцијално заразени луѓе со КОВИД 19.  Се симнува од „Гугл Плеј“. Се активира лесно со вклучување на блутутот на мобилниот телефон и со вклучување  на локацијата каде што се наоѓате.

Откако ја инсталиравме се упативме на една „Стоп корона“ обиколка . Да видиме како функционира апликацијата и колку луѓе ја користат. Прва дестинација градскиот парк. Како и секој друг сончев викенд луѓе седнати на клупите, родители кои си играат со своите деца.  Сепак, црвената бројка на екранот скоро цело време покажуваше нула.

Во Градскиот парк сме еден час и покрај тоа што е полн, на мојот телефон не се покажа дека во близина има активен корисник .

Луѓе кои ги сретнавме велат дека не им е јасно како се користи, дел од нив чуле за апликацијата , ама ја немаат на своите телефони.

Прочитав нешто на „Фејсбук“ ама се уште не сум ја симнала да ја истражам. Не знам колку би помогнало, сепак треба да знаеме да ги препознаеме симптомите и да избегнуваме колку толку контакт близок со други луѓе.

Ја немам , ја немам апликација инсталирано. 

Мислам дека нема потреба да ја инсталирам таа апликација. 

 

Од Градскиот парк сменивме локација. Следна дестинација плоштадот во Центар.

Во близина на хотел Ибис во центар кој е државен карантин еден активен корисник. Меѓутоа не успеав да уловиме кој во наша близина е корсник на „Стоп корона“.   Овој пат потрагата поуспешна и побрза.

Ја немам јас сопругата ја има и ја користиме. 

Апликацијата досега е инсталирана од 47.000 граѓани, а надлежните очекуваат дека во наредниот период бројот на корисници ќе се зголеми на 200.000.  Нашата неколку часовна обилкока сепак заврши со регистрирање на помалку од 10 активни корисници низ Скопје.

„Стоп Корона“  беше пуштена во употреба пред две недели , а граѓаните ја оцениле со тројка

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ