
Аплационен суд: Не 6 туку 4 години затвор за Гордана Јанкуловска
Поранешната министерка Гордана Јанкуловска во жалбата побара слобода од вторстепениот суд, а наместо шест години доби правосилна одлука за четири години затвор. Како што се наведува во соопштението од Апелација, во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврдува, а со оваа одлука се исцрпени жалбите на сите тројца осудени за набавката на блиндираниот мерцедес во судскиот предемт на СЈО – „Тенк“
По одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетата Г. Ј. делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години, сметаат од таму.
При набавката на службениот „мерцедес“ за поранешниот премиер, Никола Груевски, Јанкулоска ја злоупотребила службената положба и овластувања при што била нарушена и тендерската постапка, бидејќи бил фаворизиран еден економски оператор, тврдеа обвинителите од СЈО. Адвоактиот тим, и во процесот и во жалбата тврдеше дека на Јанкуловска и се суди со несоодветно прибирани докази, а место потврда на казанта се надевале на повторено и фер судење.
Јанкулоска според пропишаното во Законот за извршување на санкции има можност да го одложи заминувањето во затворот, се додека нејзиното бебе не наполни една година. Правната броба Јанкуловски ќе ја продолжи и пред Врховниот суд со вонредните правни лекови. Претходно шест години затвор за „Тенк“ во Кривичниот суд доби и првообвинетиот Ѓоко Поповски, а апелација му ја намали на четири и половина. Второобвинетиот Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото на две години затвор, главната причина заради која Груевски избега во Унгарија, а пред тамошните власти се пожали дека процесот против него бил монтиран.
Павле Беловски