
Апели за демократска изборна атмосфера
Шефовите на изборните штабови на тројцата претседателски кандидати се ракуваа и апелираа изборниот ден да помине во мирна и демократска атмосфера.
Средбата беше иницирана од ДИК. И првиот човек на Комисијата, Деркоски, повика изборниот процес да продолжи во мирна атмосфера и како држава да покажеме демократска зрелост.
На шестите претседателски избори, право на глас имаат 1.808.131 гласач. Од нив, ден порано, во сабота, ќе гласаат нешто повеќе од 7.000 избирачи. Во своите домови ќе гласаат над три и пол илјади болни и оние што се во куќен притвор. Во Казнено-поправните домови ќе гласаат над 1.600 затворени и притворени, 70-тина во старечките домови, 7 раселени, како и 1.800 иселеници во Дипломатско-конзуларните претставништва. За изборите ќе се потрошат речиси 5 милиони евра.
Соња Николовска