
Апелација во 14 часот на јавна седница ќе одлучува по жалбата на Камчев
Јавна седница во Апелациониот суд ќе се одржи денеска по жалбата за притворот на Орце Камчев, кој е еден од осомничените во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство. Седницата е закажана за 14 часот, потврдија за Телма од Апелација. Телма од свои извори донзнава дека за Камчев, СЈО предлага притворот да му се замени со поблага мерка, а тоа е куќен притвор. Тој претходно како гаранција понуди имот во вредност од 14 милиони евра.
Се уште нема информација дали за притворот на Сашо Мијалков ќе се одлучува во Основниот суд каде е поднесена и гаранцијата од имот вреден милион евра, или пак за него ќе одлучува Апелација.
Од таму за Телма велат дека за утре се закажани четири јавни седници, меѓу кои за Цветан Панделевски, кој е исто така осомничен во случајот „Империја“, но и за притворите на поранешниот секретар на владата, Кирил Божиновски и поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески, обвинети во случајот „Титаник“. Од судот велат дека мислењето на СЈО не е обврувачко, бидејќи тие одлучуваат по жалбите на осомничените и обвинетите.