Апелација одлучува за притворот на Мијалков

Обвинителката фатиме Фетаи ми помогна да си ја рефреширам меморијата. Вака притворениот екс началник на УБК Сашо Мијалков го почна објаснувањето пред Апелацискиот суд зошто треба да му го укине притворот. Го потсети судот дека под исти околности, претходно му одредредил поблаги мерки. И тогаш имал имот во Чешка и тогаш го имал истото богатство а и предметите и запретените казни се исти, рече Мијалков.

И претходно тврдев дека не ни помислувам на бегство и ветувањето го исполнив. Зад овој даден збор стојам и денес со целиот мој интегритет и кредибилитет. Верувам во вас како судии, во вашата етичност и се надевам на праведна одлука, рече Мијалков.

Денеска се одржуваше јавна седница во апелација токму по барање на Мијалков. Неговите адвокати ја обжалиле одлуката на Кривичниот суд кој одреди притвор откако претходно го осуди на три години затвор за предметот „Титаник“. Адвокатите го оспоруваа СЈО како надлежно обвинителство бидејќи сметаат дека обвинението за предметот го поднело по законскиот рок од 18 месеци. Сметаат дека во меѓувреме Врховниот суд ке ја укине пресудата токму поради надлежноста на СЈО. За нив е апсурдно што во време додека Мијалков имал мерка куќен притвор за истрагата „Империја“ истиот суд му одредил и затворски притвор. Прашаа сега која мерка е валидна.

Од друга страна обвинителката Фатиме потенцираше дека одбраната многупати го оспорува СЈО како овластен тужител но судотвите сметаат спротивно од адвокатите. Токму таа нагласи дека Мијалков има имот во Чешка, дека има пари, но и дека има реална причина да бега поради сега донесената пресуда од три години. Инаку од истиот предмет на притворот се жалел и Бедередин Ибраими кој е осуден на 4 и пол години затвор, и сите останати кои добија мерки на претпазливост. Жалба за за таква мерка не поднел само Мендух Тачи, кој е осуден на три години и два месеци затвор.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ