Апелација ја укина забраната за продажба на книгата на Андов

Апелациониот суд со низа забелешки за постапувањето на граѓанскиот суд во тужбата Фрчковски против Андов. Ја укина забраната за продажба на книгата “До атентатот и по него”, на поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов бидејќи Скопска двојка направила повеќе пропусти.

Апелација смета дека не е јасно како судијата од Скопје два проценил дека книгата ќе предизвика ненадоместлива штета за угледот на професорот Љубомир Фрчковски, зошто ја забранил целата книга кога само еден дел би можел да има конкретна клеветничка изјава за Фрчовски но и зошто се бара од Стојан Андов да ја повлече од продажба кога сите права за тоа ги има издавачот Матица македонска.

Инаку основниот суд Скопје 2 изрече времена мерка по тужбата на Фрчковски кој тврдеше дека во книгата се имплицира негова вмешаност во атентатот на Киро Глигоров и поради повреда на неговите лични права.

Фрчовски бара одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета.

Но сега апелациониот суд укажува и на тоа дека скопска двојка не ценела дали е запазен рокот од 90 денови за поднесување на тужбата, бидејќи книгата излегла во продажба на 13 ноември 2018 а тужбата е поднесена на 18 февруари следната година.

Инаку времената мерка на судот во јавноста беше протолкувана како до сега невидена цензура.

Во независна Македонија досега немало забрани за книги, а во македонските книжарници се наоѓа и книгата на Хитлер, „Мојата борба„.

Цензурата не е прифатена институција во демократските општества, а рекламните агенти велат дека, прогласувањето за непожелна книга има ист ефект како и платена реклама во најдобриот термин на најгледаната телевизија или на највидливиот билборд.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ