Апелација ја смени одлуката, Ѓошевски и Поповски остануваат во притвор за 27 април

Портата на затворот во Шутка нема да се отвори за поранешиот шефот на обезбедувањето на Велјановски, Горан Ѓошевски и екс началникот во МВР Оливер Поповски обвинети за 27 април. Скопска апелација ги сменила одлуките на Кривичен да бидат пуштени да се бранат од слобода со гаранција со што засега остануваат во притвор, потврдуваат од судот.

Понудениот недвижен имот во висина од 54 илјади евра за Ѓошевски и недвижности во вредност од 125 илјади евра за Поповски, не биле  соодветни. Од судот за Телма велат дека ги анализирале сите околности, меѓу кои и висината на понудената гаранци.

„Во конкретните случаи понудената гаранција не е пропорционална на тежината на кривичното делото односно преземни дејствија за кои се товарат и во моментот таа гараницја не претставува ефикасен механизам за обезбедување на присуство на обвинетите“, велат од Апелација.

Пред две недели Кривичниот суд ја прифати гаранцијата на Ѓошевкси и Поповски да се бранат на слобода со мерки на претпазливост но обвинителството се жалеше, по што Апелација денеска ја преиначи одлуката.

Засега само екс министерот за внатрешени Чавков брои часови пред да излезе по втор пат од Шутка. Обвинителството се жалеше и за него но апелација ја потврди одлуката, тој да се брани од слобода со гаранција и се чека да завршат процедурите со запишување на гранцијата за да излезе. Чавков понуди недвижнини во вредност од 600 илјади евра во куќи, станови, деловен простор и ниви од роднини и пријатели.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ