
Груевски за затворската казна ќе бара спас во Врховен
Експремиерот Груевски треба да оди две години во затвор, потврди и скопска апелација за набавката на блиндираниот мерцедес од 600 илјади евра. За две години му ја намалиле само казната на експомошникот министер во МВР Ѓоко Поповски од шест ипол на четири ипол. Класичен политички прогон, искоментира Груевски за пресудата на „Тенк“ за време на паузата од „Титаник“. Ги повтори и обвинувањата за притисоци во судството, што ги изрече пред еден месец од Собранието.
Првата пресуда за експремиерот Груевски стана правовосилна, но тој најави дека ќе ги искористи сите правни лекови. На новинарско прашање дали ќе бара одлагање со образложение дека како пратеник битни одлуки го чекаат во Собранието, Груевски одговори дека во никој случај нема да ги подржи уставните измени.
Пресудата за „Тенк“ се уште е во Апелациониот суд. Според Законот за извршување на санкции, откако ќе биде целосно завршена и испратена во Кривичниот суд, судија за извршување на санкции има рок од осум дена да го подготви упатниот акт во кој треба да биде наведен датумот и затворот, каде треба да се јави на издржување на казната. Ако осудениот не се појави сам, затворот го известува судијата кој пак бара МВР да го приведе осудениот, предвдуваа законот. Сепак осудениот има право да бара одлагање а утврдени се и конкретно под кои осум услови судот може да му дозволи. Меѓу причините за одлагање се наведени: Ако се наоѓа на болничко лекување од потешка болест, поради смрт или болест во потесното семејство, заради завршување на училишна година, ако треба осудениот да се грижи и да ги чува децата.
Груевски е пратеник во Собрнаието. Но Уставот предвидува дека на пратеник му престанува мандатот кога е осуден за кривично дело за кое е пропишана затворска казна во траење од најмалку 5 години. Груевски е осуден на 2 години за дело кое предвидува максимим 3 години затвор, поради што не може да му престане мандатот. Уставот предвидува и друга ситуација а тоа е кога пратеник е осуден за кривично или друго казниво дело, што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник. Но за да му биде одземен мандатот потребно е двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За да се покрене ваква постапка, кривчен треба да го извести претседатлеот на Собранието.
Освен вонредно преиспитување на пресудата постои и можност за барање за заштита на законитоста, но треба да го поденсе СЈО. Во двата случаеви одлулува Врховниот суд
Од одбраната велат ќе коментираат откако ке ја добијат пресудата. Не се исклучува и барање за одложување на казната, но во секој случај најавија барање до Врховниот суд за вонредно преиспитување на пресудата, бидејќи како што велат уверени се дека жалбите се основани, особено за тоа дека делото против Груевски е застарено.
Потврдувањето на казната значи дека судиите од апелација не ги прифатиле аргументите на Груевски и неговите адвокати. Според СЈО делото застарува на крај на октомври кога и завршуваат дејствијата во обвинението за „Тенк“ со што и оваа пресуда влегува во рамките на тој рок.
Во „Тенк“ обвинета е и ексминистерката Гордана Јанкуловска, но нејзе и се судеше одвоено поради бременоста. В понеделник судијката Добрила Кацарска ќе ја изрече и првостепената пресуда за неа.
Елена Ивановска Мукоска