Апелација ја потврди и ја зголеми затворската казна за гинекологот Николче Дамчевски

Потврдена и зголемена затворската казна за гинекологот Николче Дамчевски, ваква одлука донесе Апелациониот суд Скопје.

Според новата пресуда од Апелација намести една и пол година, Дамчевски треба да отслужи двегодишна казна затвор, на место предходно донесената одлука на Кривичниот суд. Тој е обвинет за тешки дела против здравјето на луѓето и фалсификување на исправа, а нему му е изречена и забрана за вршење на дејност во период од осум години.

Дамчевски во периодот од месец септември 2015 до април 2016 година презентирал состојба на лажна симулирана бременост на пациентка врз која претходно спровел биолошки потпомогнато оплодување.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ