Апелација ја одложи расправата по жалбата на Јанкулоска за „Тенк“

Апелацискиот суд Скопје денеска го одложи разгледувањето на жалбата  на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за пресудата од шест години затвор во случајот „Тенк“ на СЈО.

Иако Јанкуловска денеска дојде во апелација причина за одлагањето беше отсутво на авокатите и следното рочиште е закажано за 25 февруари.

Кривичниот суд го осуди првообвинетиот Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а второобвинетиот Никола Груевски, како поттикнувач за извршување на делото, на две години затвор.

Апелацискиот суд во целост ја потврди првостепената пресуда за Никола Груевски, а на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на четири и полгодини затвор.

Груевски избега во Будимпешта каде доби азил, а Поповски се наоѓа во затвор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ