
Апелација го потврди третиот месец притвор на осомничен полицаец за крвавиот четврток
Поранешниот шеф на обезбедувањето на Собранието на Република Македонија, Оливер Поповски останува во притвор откако Апелациониот суд ја одби неговата жалба за укинување на мерката.
На Поповски му е определен трет месец притвор. Тој е еден од 35-те осомничени за дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ за 27-ми април.
Хелсиншкиот комитет за човекови права апелираше судот покритички да ја оценува мерката во своите наоди за истрагата за крвавиот четврток.
-Апелираме дека со протек на време судот треба одново и покритички да ја процени основаноста и неопхадноста на определување на мерката притвор, со цел истата да биде во согласност со принципите и праксата на Европскиот суд за човекови права, соопшти Хелсиншки, кој по претставка на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека сите истражни мерки (приведувања на пратеници и притвор) се законски определени.
Поповски уште не бил на распит пред обвинител, а изјава не дале ниту екс министерот Митко Чавков и пратеникот Крсто Мукоски. Последни изјава пред обвинител (вчера) дале Горан Ѓошевски (собраниско обезбедување) и Богдан Илиевски (организација на протестите).