
Антонио Милошоски утре кај обвинител со неговите „бомби“ за Заев
Од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ни одговорија дека по допрен глас од јавноста за „бомбата“ објавена од Антонио Милошоски, утре во просториите на обвинителството е повикан пратеникот Милошоски.
Тој треба да ги предаде материјалите кои вчера ги објави на прес-конференција кога обвини дека Заев заедно со Јово Вангеловски и со Катица Јанева средувал и договарал поништување на случаите на СЈО. Заев потврди дека гласот на снимките е негов, но негираше дека договарал таква разврска и тврди дека само ги коментирал одлуките на Врховниот суд.
Откако ќе бидат предадени снимките , ќе бидат дадени на анализа за да се утврди дали може да бидат користени во носење на јавно-обвинителска одлука, ни одговорија од ОЈОГОКК.