Антикорупциска предупредува – ќе ги следиме сите информации поврзани со изборите

Антикорупциската комисија засеилено ќе ги следи сите инфромации во медиумите кои ќе се однесуваат на изборите и предизборната кампања како и финансиското работење на партиите и донаторите на партиите за да се спречат евентуални злоупотреби. Комисијата повторно ќе ја активира веб апликацијата за пријавување на нерегуларности во изборниот процес и кампања  а од она што досега е скенирано може да се забележи дека има голем број на огласи за вработување во државната администрација, што остава простор за сомнеж.

На денешната прес конференција, антикорупционери зборуваа и за извештајот на транспаренси интеренешен и падот на Македонија за 13 мета на листата за борба против корупцијата и е на 106 место.  Оттаму велат дека влијанието на политичарите врз бизнисот е големо а некои бизнисмени кои се јавуваат како финасиер потоа се добитници на тендери.

Од Антикорупцика уште апелираа до надлежните за нивно доекипирање како кадрвоско, така и техничко со инсталирање на потребниот софтвер за следење на имотата состојба со што би им се олеснил пристапот до инфромации и би биле далеку поефикасни во работењето. Тие не ја исклучуваат можноста да работата на помал број на предмети но далеку потешки и клучни во борбата против коруипцијата но за тоа да се случи потребни се законски измени со што би можеле да се филтрираат пријавите и предметите.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ